2win800x200

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ИНДУСТРИСКА“ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА „БУРСА“

Септември 05, 2024
Заменик градоначалникот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, денес изврши увид на на два инфраструктурни проекти кои се во тек на реализација.
На улицата „Индустриска“ во населбата Боримечка се врши асфалтирање со што се финализира проектот за реконструкција на улицата. Паралелно, на улица „Бурса“, продолжуваат работните активности со поставување на водоводната мрежа, по што продолжува работата на коловозот.
Проектите за реконструкција на улиците „Индустриска“ и „Бурса“, се дел од инфраструктурните активности кои ги спроведува општината на повеќе локации во градот, со цел обезбедување подобри услови за сите жители на општината.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани