Македонскиот амбасадор во Шведска, Џенк Сејфула како и советникот во македонската амбасада Стојанче Китаноски, беа домаќини на македонската делегација која деновиве е во работна посета на Шведска, во чиј состав е и градоначалникот Тони Коњановски.
На средбата во македонската амбасада во Стокхолм, тие разговараа за придобивките од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво" и конкретните активности, кои ќе
бидат преземени кај нас, како резултат од реализацијата на проектот. Заеднички договорија соработка и на идни проекти, за кои што амбасадата им ја понуди целосната поддршка на градоначалниците учесници во делегацијата.
Општина Битола е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои работат на одржливо управување со отпадот, преку проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво", финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.