АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Михалис Рокас, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, утре (28 ноември 2024) ќе ја посети Битола.
Ова ќе биде прва од серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во Европската Унија. Преку ваквите посети се истакнува важноста на интеграцијата и нејзиниот придонес во развојот на локалните заедници.
Амбасадорот Рокас во текот на посетата ќе се сретне со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Шефот на ЕУ-делегацијата ќе разговара и со членовите на Советот на општината. Во рамки на своите активности, амбасадорот ќе има дискусии и со претставници на граѓанските организации, како и со младите, односно со дел од студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.