АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Целосно е обновен дрвениот мостот на реката Драгор кај месноста викана „Каваци“ во Битола. Мостот го реконструираше ЈП „Нискоградба“ Битола и ова е трет мост на Драгор реконструиран за кусо време од ова јавно претпријатие.
Прво беше реконструран мостот кај „Кланица“, па мостот кај „Рибарниците“ и сега мостот кај „Каваци“ кој беше во ужасна состојба и за кој битолчани често коментираа дека дрвената подлога е нестабилна за менување.
На коритото од реката Драгор во Битола, во урбаниот дел на градот има 16 мостови, но ако во пребројувањето се вклучат удвоените мостови, како и мостовите што се наоѓаат кај првите куќи од населбата Довлеџик и последните куќи на улица „16-та“ или како некои велат „под линија“, тогаш слободно може да се посочи дека на коритото од реката Драгор во Битола, во должина од околу 4.000 метри има точно 20 мостови, или на секои 200 метри по еден мост.