АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Селска забава“ - вака битолскиот советник од ПОИНАКУ, Иван Чулакоски го нараче настанот, новогодишниот базар кој вчера во рамките на „Зимската приказна“ се одржа во Инфоцентарот на НП „Пелистер“.
На денешната седница на Совет на опширната дискусија за развој на туризмот во Битола, за „Зимската приказна“ и прашањата како се трошат парите од буџетот на општина Битола за развој на туризмот во градот, советникот Чулакоски два пати напоменува дека вчерашниот базар на Пелистер бил „селска забава“
-1,5 милони денари префрламе на НП Пелистер како „амин“ за да ги пуштаме битолчани да влегуваат бесплатно во НП. Секоја година. Како што можите да видите Националниот парк освен селска забава, некни, и оро играње на сред планина - „Аџанак- баџанак“, видовме дека нема друг развој на планината освен селска забава“, рече Чулакоски од светничката говорница.
Градоначалникот Тони Коњановски во говорот пред советниците побара од Чулакоски да им се извини на жителите кои живеат во селските средини, а кои присуствуваат на настаните на „Зимската приказна“.
„Во оваа манифестација „селска“ како ја кажувате вие, спонзорите нешто и виделе. И на луѓето коишто живеат во селата треба да им се извините зошто и тие имаат потреба од „Зимска приказна“, рече Коњановски на говорница.
А.Блажевска