АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици од седумте средни училишта од Битола ќе бидат дел од проектот на здружението „Ганимед“ од Битола со цел промовирање на медиумската писменост преку стимулирање на критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности.
Преку проектот „Тема за дилема“, што ќе трае шест месеци „Ганимед“ ќе се обиде да придонесе за поттикнување на култура на критичко размислување преку едукација на средношколците за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности кон кои се стреми нашето општество, зголемување на капацитетот на здружението и на медиумот вклучен во проектот за справување со медиумски манипулации преку подобрувањето на медиумската писменост во соработка со средните училишта, пошироко медиумско описменување на средношколците надвор од формалното образование.
Проектот „Тема за дилема“ е дел од проектот Критинк – „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, финансиран од ЕУ, а го спроведуваат Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ и Центарот за европски стратегии „Евротинк“.