Свадба на Широк Сокак! - Се ожени советникот Стефан Тековски со убавата Наталија

Јули 02, 2026

Стефан Тековски, советникот на Граѓанската иницијатива ГРИН во Советот на Општина Битола се ожени со својата долгодишна љубов Наталија, со која ја имаат едногодишната ќерка Атанасија. 

Стефан и Наталија чија љубов трае една деценија, направија „две во едно“ свадба на првиот роденден на ќеркичката Атанасија. 

На свеченоста Стефан ги покани и градоначалникот Тони Коњановски и колегите од Советот, па сватови беа советници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЛДП...

35ce1575 8a8b 4744 b559 0c3f5cdfd670

Стефан Тековски на политичката сцена во Битола се наметна на последните локални избори како носител на советничката листа на Граѓанска Иницијатива  ГРИН. Млад човек зад кого застанаа повеќе граѓански организации и здруженија, истакнати стопанственици, луѓе од политичкиот живот, образованието, културата и спортот и успеа да освои советнички мандат. 

Стефан се занимава со ветеринарство, а неговата понежна половина Наталија е стоматолог. 

Тековски потекнува од семејство кое во Битола е препознатливо по својата работливост и претприемачки дух. Неговите родители со години воделе мали семејни бизниси на убавиот Широк Сокак, а Стефан ја продолжува семејната традиција. 

728253938 18609295531061077 2637364911849003832 n

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани