2win800x200

Фудбалски работници од Битола со остра реакција за одржаното Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола

Февруари 01, 2019

Остри реакции во јавноста предизвика денеска одржаното Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола, каде во медиумите е објавено дека Златко Талевски добил скоро комплетна поддршка за претседател на ОФС –Битола до 2021 година.

До редакцијата на апла.мк со реакција се јавија повеќе истакнати спортски работници од градот и претставници на фудбалски клубови од територијата на ОФС-Битола.

Претседателот на ФК Пелистер, Пеце Стојчевски реагира дека според објавената фотографија во медиумите од одржаното Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола, „десеттина лица кои се наоѓаат на фотографијата не се делегати на Собранието, а уште помалку имаат врска со фудбалот“.

Претседателот на ФК Новаци , Борче Јовановски , пак вели дека „на фотографијата се лица кои се блиски роднини со членовите на Управниот одбор на ОФС-Битола , татко, брат и со Собрание и фудбал немаат ништо заедничко, а уште помалку со делгатски мандати“.

Љубомир Крстевски, интернационален судија од Битола , пак вели дека на Собранието има лица кои „беа фудбалски судии , но по моите сознанија тие според последното изборно собрание на ОФС-Битола не се делегати што може да се види од списите добиени од Централен регистер“.

Спортскиот работник и тренер Кире Грбевски вели дека „на Собранието нема тренери, ниту пак спортски работници“.

Зоран Стојчевски кој ја води екипата на ФК Црна Река прашува „ со кого овие од ОФС-Битола прават собрание? Каде им се претставниците на клубовите, како ние-Буково, Долно Оризари, Горно Оризари, Поешево, Космос , Победа...?

Инаку гол.мк пишува дека „на денешното редовно Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз - Битола, Златко Талевски доби скоро комплетна поддршка за претседател до 2021 година. Исто так потврден е и постоечкиот Управен одбор на Сојузот. На Собранието на кое присуствуваа 39 делегати, дури 30 гласаа за Талевски. Дел од собранието беа и претставници на Фудбалската федерација на Македонија, чија членка е ОФС Битола. Талевски е долгогодишен фудбалски работник, член на Управниот одбор на ФФМ и поранешен судија.

Фудбалската федерација на Македонија долго очекуваното Собрание за избор на нов претседател го закажа за 17 март во Охрид“.

                

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани