АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОУ„Браќа Миладиновци“ – Добрушево деновиве е домаќин на наставници од Италија, Унгарија, Турција и Хрватска кои со наши наставници и ученици работата на проект кој има цел да им помогне на учениците со потешкотии во учењето.
Директорката на училиштето „Браќа Миладиновци“, Македонка Соклевска за апла.мк вели дека училиштето е едно од ретките од руралните средини вклучено во повеќе меѓународни проекти. Моментално школото работи на два активни Еразмус+ проекти и повеќе проекти на еТвининг платформата.
-Неодамна добивме еТвининг Ознака за училиште, што е голема придобивка за нас.Наставниците од нашето училиште активно работат на два Еразмус+ проекти, одобрени од Националната Агенција за европски образовни програми.Оваа недела сме домаќини и во нашето училиште имаме гости од Италија, Унгарија, Турција и Хрватска. Со нив работиме на проектот „Полесно учам со моето милениче“. Целта на овој проект е да им се помогне на учениците со потешкотии во учењето. Според истражувањата, интеракцијата на децата со животните е многу корисна за нивниот развој, бидејќи тие им помагаат на учениците полесно да ги совладаат содржините и да добијат поголема мотивација за учење, изјави Соклевска.