Претседателот на државата, Стево Пендаровски, вечерва приствуваше на настанот „Живи библиотеки“ што се одржува во рамките на фестивалот „Битола отворен град“ чиј организатор е МКЦ-Битола
„Живи библиотеки“ е алатка преку која се креира простор за конструктивен личен дијалог помеѓу луѓето кои во нормални околности немаат прилика да зборуваат меѓусебе. „Живи библиотеки“ е алатка за еднаквост што служи за намалување на предсасудите и дискриминацијата, но оаа алатка има и пширок спектар на примена како алатка за намалување на младинската невработеност, за поттикнување активно учество во борбата за општествени промени, алатка за поттикнување соработка и вмрежување и др.
Тие функционираат како секоја библиотека, посетителите го разгледуваат каталогот со наслови и позајмуваат книга за одредено време. По читањето ја враќаат книгата во библиотеката и ако сакаат можат да позајмат друга книга.
Основната разлика е што во „Живи библиотеки“ книгите се ЛУЃЕТО, а читањето е всушност РАЗГОВОРОТ.