АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 8 јули во1943 година во Битола е убиен Трајче МАГЛОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден бил во селото Смилево на 4 мај 1923 г. Бил ученик во Битолската гимназија и уште тогаш стапил во напредното движење. Бил меѓу најактивните членови на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ во нејзините антиокупаторски активности во Битола. Заради тоа повеќепати бил апсен од бугарската фашистичка полиција, но секогаш храбро се држел и не ги предавал своите другари.
Во јуни 1943 г. штотуку излезен од затвор, на пат за селото Лавци бил фатен и уапсен од локалниот полјак Перо Василевски-Пачата, а при обидот да му побегне бил убиен.
По повод годишнината од смртта на Трајче Магловски, претставници од Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола, на 8 јули во 10 часот ќе положат свежо цвеќе пред спомен бистата во Градскот парк во Битола
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар