Битолски ученици меѓу финалистите кои со креативни игри го претставија НАТО

Октомври 19, 2019

Учениците и одденската  наставничка Јасмина Танчевска од ОУ ,,Елпида Караманди"се меѓу финалистите од 49 училишта во земјава кои подготвија креативни и едукативни игри за да го претстават НАТО. 

,,Подготвивме игра меморија, сложувалка со пластични делови  со повеќе запченици. Кога ќе се спојат запчениците се врти конструкцијата на која се поставени  сликички и знамето на НАТО.Имаме уште една игра за четири ученици со сложување на бои. Секој ученик ја фрла коцката и која боја ќе се падне таа ја поставува на сликичката", рече наставничката Танчевска. received 436954866926389

 

Проектот ,,Што е НАТО" е во организација на Канцеларијата на НАТО во Скопје и Гаус институтот, а се одржа во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Целата е учениците да научат преку игра што повеќе информации за НАТО. 

Полковникот Зоран Јанковиќ, шеф на канцеларијата на НАТО во Скопје, беше пријатно изненаден од големиот интерес на учениците. Од 49 проекти беа избрани 25 финалисти, а од нив најдобрите. Само во Битола беа присутни над 100 ученици и наставници да ги претстават проектите. 

,,Годинава славиме 70 годишнина од НАТО Алијансата и преку овој проект ги учиме децата за придобивките од НАТО, за безбедниста, стабилноста и иднината на вашата земја", рече Јанковиќ. 

Проректорот Игор Неделковски рече дека во игрите е направен баланс меѓу социјалните и компјутерските игри. 

,,Младите учеа за НАТО и нивните сознанија ги преточија во едукативни игри, а најдобритеќе се дистрибуираат  во училиштата како дидактички алатки", рече Неделковски. 

Ментор на настанот беше наставничката Весела Богдановиќ позната надалеку преку својата креативна педагошка работа. 20191019 120617

 20191019 11561720191019 115128

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани