2win800x200

Поништен тендерот за реконструкција на електростатските филтри -од РЕК Битола велат нема да има доцнење во реализацијата на овој проект

Октомври 22, 2019

Државната комисија за жалби по јавни набавки го поништи тендерот за избор на економски оператор за реконструкција на електростатските филтри во РЕК Битола. Се работи за забелешки од формално – правен карактер кои ќе бидат отстранети и во најкус можен рок јавната набавка повторно ќе биде објавена. Раководството на РЕК Битола и на АД ЕСМ доследно ги почитуваат законските прописи кои во случајов наложија јавната набавка која е од исклучително значење за комбинатот, за компанијата и за државата, да започне од почеток. Доцнење во реализацијата на  овој проект нема да има. Средствата во висина од 20,4 милиони евра се обезбедени и постапката ќе се реализира согласно и претходно споменатата динамика – последнователно за секој од блоковите во 2020, во 2021 и во 2022 година.

Реконструкцијата на електростатските филтри во РЕК Битола не е приказна како онаа за Програмата за подобрување на квалитетот на воздухот во Битола, најавувана од советничката на ВМРО – ДПМНЕ во 2013 година, која ако воопшто постоела, останала само на хартија. Зафатот за реконструкција на електростатските филтри во РЕК Битола е потреба која можеше и мораше многу порано да биде започната.

Во меѓувреме, АД ЕСМ и РЕК Битола ја поздравуваат зголемената еколошка свест кај факторите кои своевремено повикуваа на одговорност во јавните настапи за да не се крева паника и страв кај граѓаните со цел добивање на политички поени.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани