АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Откако првото се исуши, утрово ново дрвце е засадено во Градскиот парк во Битола на местото каде доајенот на македонската народна песна Виолета Томовска лани симболично засади „дрво на животот“ како добитничка на наградата за животно дело „4-ти Ноември“ на градот Битола.
Томовска го засади првото дрво во алејата во Градскиот парк откако градоначалничката на Општина Битола , Наташа Петровска ја даде идејата во иднина сите добитници на наградата за животно дело да садат дрво во Градскиот парк.
Пред празникот на градот се подготвува делот каде што годинешниот добитник на наградата за животно дело „4-ти Ноември“ треба да засади дрвце.
А.Б