АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од вечерва започнува „Недела на шпански филм 2019“ во Битола организирана од Амбасадата на Кралството Шпанија во соработка со НУ Центар за култура Битола.
Неделата на шпански филм ќе биде отворена со филмот „КАКО ДА СЕ БИДЕ НОРМАЛНА ЛИЧНОСТ “ на 26.11.2019 г. со почеток во 20.00 ч. во малата сала.
На отворањето на филмскиот циклус ќе претходи отворање на изложба на фотографии „Шпански градови со светско културно наследство“ со почеток во 19:00 ч. во фоајето на НУ Центар за култура Битола. Изложбата и филмскиот циклус ќе бидат отворени од страна на Н.Е. Емилио Лоренцо Сера, Амбасадор на Кралството Шпанија.
Изложбата ќе биде поставена во фоајето на НУ Центар за култура Битола до 08 декември 2019 г.
ПРОГРАМА НА ФИЛМСКИОТ ЦИКЛУС:
26.11.2019 – 20:00 ч - КАКО ДА СЕ БИДЕ НОРМАЛНА ЛИЧНОСТ
27.11.2019 – 20:00 ч - КИНЕСКА ПРИКАЗНА
28.11.2019 – 20:00 ч - АПОСТОЛ
29.11.2019 – 20:00 ч - ДОЖДОТ ИСТО ТАКА
30.11.2019 – 20:00 ч - ЦРН ЛЕБ
01.12.2019 – 20:00 ч - МАРТИН (ЈУНИОР)
02.12.2019 – 20:00 ч - ЖИВОТОТ ПРОДОЛЖУВА
Филмовите се со македонски превод и ќе се прикажуваат во малата сала. Влезот е слободен.