2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Министерката Царовска на средба со битолските пензионери-јануарската пензија ќе биде повисока за 700 денари

Декември 05, 2019

Прашања кои се поврзани со пензионерите, со цел да се подобри квалитетот на нивното живеење денеска беа ставени на маса откако министерската за труд и социјална политика Мила Царовска дојде во Битола на средба со членовите на Здружението на пензионери на Битола.

-Денеска во Здружението се одржува работна средба на која исклучиво ќе се разговара за теми од интерес на пензионерите, пред се за најновите зголемувања на пензиите и услогласувањето, ова за нас е егзистенцијално прашање. Пензионерите друга егзистенција немаат освен пензијата, рече Томе Димитровски, претседател на Здружението на пензионери на Битола.

78898766 470518327002630 1629964918037938176 n

Министерката Царовска рече дека со јануарската пензија која ќе биде исплатена во февруари сите пензионери ќе добијат по 700 денари покачување, но ќе ги добијат и двете усогласувања во текот на годината   што би значело зголемување од 900 денари во просек на пензиите , само наредната година. Значи за три години откако оваа Влада е на власт покачувањето на пензиите е за околу 1700 денари.

-Оваа Влада се грижи не само за сегашните пензионери, да имаа соодветна и навремена исплата на пензии, туку и за идните пензионери  , тоа се сите млади луѓе кои што денска плаќаат придонес во Фондот за пензиско и ивалидско осигурување. Затоа ја направивме реформата и постигнавме видливи резултати намалување на „дупката“ во Фондот за 3 милијадри и 700 милиони денари.. Согласно економскиот раст во држвата се создадоа услови да растат и пензиите, рече Царовска, напоменувајќи дека најниските пензии ќе добијат најмногу, а највисоките помалку средства.

 На средбата присуствуваа и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Станка Трајковска и  заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Р.С.Македонија Илија Иваноски.

78680406 432817527411841 6282592798113792000 n

78629247 1725276494273102 9129995586664136704 n

70061467 572419673557988 561121822066606080 n

79469013 1240254742849445 5903718992605872128 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани