2win800x200

ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА ВО ОУ„ДАМЕ ГРУЕВ“- БИТОЛА

Декември 16, 2019

Со средства донирани од Општина Битола на Женска граѓанска иницијатива КЛЕА во ОУ„Даме Груев“ Битола, се реализира волонтерска активност. Активноста се состоеше од изработување на клупи и масички од палети, нивно обојување и поставување во училишен двор.Целта беше да се изработат клупи и маси кои ќе се постават во тревниот дел на училишниот двор така што ќе претставуваат мини-еко училници каде ќе може наставниците да одржат креативен час надвор од рамките на зградата, со цел поблиску да ја доловат природата и нејзината убавина од повеќе аспекти (предмети македонски јазик, ликовно, теориски час по ФЗО, еко-предавање, биологија или природни науки и сл.)Истиот тој простор учениците, а и сограѓаните ќе ги користат за краток  одмор или дружење, што ќе ја зацврсти врската меѓу училиштето и локалната средина (граѓаните училиштето ќе го чувствуваат како свое и ќе се грижат за него).

prva

vtora

treta

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани