Градските автобуси во Битола со редуциран возен ред

Март 18, 2020

Општина Битола ги известува граѓаните дека со оглед на дополнителните мерки и препораки на Владата на РСМ за спречување на појавата и ширењето на корона вирусот, превозниците кои што вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола дополнително го редуцираа одржувањето на општинските линии, како што следува:
Линијата 1 ќе се одржува во понеделник, среда и петок со времињата на поѓање на Д и А ХЕРА ТРАНС од 06:20 до 17:00 часот, а во вторник, четврток и сабота со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ од 06:00 до 17:00 часот и во спротивната насока;
Линијата 4 ќе се одржува во понеделник, среда и петок со времињата на поѓање на ЛУКА ЕКСПРЕС од 06:00 до 17:00 часот, а во вторник, четврток и сабота со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ од 06:15 до 17:00 часот и во спротивната насока:
Линијата 5 ќе се одржува во понеделник, среда и петок со времињата на поѓање на ХЕРА ТУРС од 06:15 до 17:00 часот, а во вторник, четврток и сабота со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС од 05:00 до 17:00 часот и во спротивната насока;
Линијата 6 ќе се одржува од понеделник до петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ од 06:00 до 10:00 часот и од 13:00 до 17:00 часот;
Линијата 7 ќе се одржува од понеделник до петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 06:10, 07:00, 13:10 и 15:20 часот;
Линијата 8 ќе се одржува во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 07:15 и 15:15 часот;
Линиите 10 и 11 ќе се одржуваат во во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 05:30 и 11:30 часот;
Линијата 14 ќе се одржува со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 05:55, 12:00 и 15:30 часот;
Линиите 13 и 15 ќе се одржуваат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Шехерезада“ во 07:00 и 13:30 часот;.
Редовните возни редови на превозниците се достапни на следниот линк:http://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2019/10/vozen-red.pdf?fbclid=IwAR2XrgS0S9986e0Grkzvu978jVz3GjLpNknRJSnrdWpuej4Xg7o1gAOteTo

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани