2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Посебен режим на движење на територија на цела држава ќе воведе Владата

Март 21, 2020

Посебен режим на движење на територијата на цела држава, е еден од заклучоците усвоени на    24-та седница на Владата, објавени вечерва по полноќ. Нема точно наведено како ќе се спроведува оваа рестриктивна мерка, но тоа ќе се знаат на седницата што ќе се одржи денес, сабота. Во заклучокот се вели:

-Се задолжува Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи на 21 март 2020 година (сабота).

Владата го задолжи д-р Венко Филипче, министер за здравство, да определи двајца епидемиолози што ќе присуствуваат на седницата на Влада, со цел да ги образложат предложените мерки и препораки на членовите на Владата.

 Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија се задолжени да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.

Рестриктивни мерки ќе има и за лицата што не ја почитуваат самоизолацијата.

-Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка.За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапка за спроведување во државен карантин, се наведува во заклучокот на Владата.

Владата на Република Северна Македонија донесе одлуки важноста на патните исправи и за личните карти, чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани