АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Несовесни лица објавиле вест дека двата пазари во Битола , Градскиот зелен пазар и Новиот реонски пазар се затвораат, а за да биде лагата поубедлива на оваа лажна вест ставиле и лого од Општина Битола. Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски за Апла.мк вели дека веста е лажна, двата пазари нормално ќе работат за што во изминатите неколку дена се дезинфицираа и миеја во согласност со препораките на Владата за спречување од ширење на коронавирусот.
За лажната вест се огласи и Општина Битола.
-Почитувани граѓани, лажна вест е дека Битолскиот пазар се затвора. Злоупотребен е знакот на Општина Битола, за да се изнесе невистина која не е пласирана ниту од ЈП „Пазари“, ниту од ЈП „Комуналец“. Битолскиот пазар деновиве активно се дезинфицира, во насока на препораките за заштита од корона вирусот, како за продавачите, така и за граѓаните. Битолскиот пазар редовно продолжува со работа, а за откривање на сторителите на оваа лажна вест, веќе побаравме да биде откриен сторителот од страна на СВР Битола, пишуваат од општината.
Вака изгледа веста која несовесните сторители ја лиферуваат на социјалните мрежи.