АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата донесе одлука забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, да започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот.
Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.
Секој работен ден движењето е ограничено од 21 до 5 часот, за лицата до 18 години од 12 до 21, а за лицата над 67 години не смеат да се движат од 11 часот претпладне до следниот ден во 5 часот.