АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сопствени средства, 20.000.000 денари, ЈП “Стрежево” - Битола инвестира во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел - реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работи за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство.
Во тек е реализација на проект за рехабилитација на Главен цевковод Г-1 ( Драгарино -Могила) замена на дотраени цевки Фи 500mm со нови дуктилни цевки фи 600mm во атарот на општина Могила.
Се врши промена и на хидромеханичка опрема во селата Поешево, Кравари, Бистрица, Олевени и Жабени односно се инсталираат линиските затворачи фи 600mm на главните цевководи: 6Ц (Кравари - Оптичари), 7Ц (Бистрица) и 8Ц (Барешани-Жабени-Егри).
Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси односно ќе се воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќе го добиеме посакуваниот ефект - економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот “Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост.