2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Почнува Пролетна европска недела на тестирање за хепатити, ХИВ и СПИ

Мај 14, 2020

Хепар Центар Битола и годинава, како и претходните ја одбележува Пролетната европска недела на тестирање за Вирусни Хепатитиси, ХИВ и СПИ. Оваа година поради пандемијата COVID-19 (предизвикана од САРС-КоВ-2) која длабоко го зафати светот и Европа направи комплетна промена во структурите на здравствените системи како и во секојдневниот живот на граѓаните, Пролетната европска недела на тестирање, планирана за 15-22 мај 2020 година, ќе продолжи. Таа ќе има со примарен фокус на активности што се поврзани со виртуелни кампањи за подигнување на свесноста околу тестирањето/скринингот на населението во Европа. Активностите ќе бидат насочени кон: 

• Да се подигне свесноста за важноста на услугите во однос на ХИВ, хепатит и СПИ

• Да споделиме искуства за прилагодување на услугите во време на КОВИД-19

Да се сподели праксата од минатите година зошто е важно тестирање за ХИВ, Xепатитис и сексуално инфективни преносливи болести

• Да се размислува за нови иновативни програми за тестирање во тешки ситуации (веќе најавени во Европа пилот програми за самотестирање) .

Хепар Центар Битола ги охрабрува сите засегнати страни да разменуваат искуства од ХИВ, вирусени хепатитиси и сексуално преносливи заболувања компаративни со COVID-19. Прлетната европска недела претстваува еден потсетник и предвесник за Европската заедница дека и останатите заболувања како што се ХИВ-от, вирусените хепатитиси и СПИ услугите за тестирање, грижа и поддршка се основни услуги и мора да продолжат да бидат поддржани, особено за време на криза.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани