АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Детско катче со нови реквизити уреди месната заедница од селото Кравари за најмладите. Локацијата која со години наназад беше запустена деновиве доби нов лик на задоволство на најмладите жители на селото.
-Месната заедница заедно со локални жители се вклучивме во расчистување и уредување на детското игралиште во селото. Толку беше запустено и оставено во заборав во последната деценија што сведочат и самите фотографии. Ние ги исчистивме патеките од обрасната трева и од калта, ги измивме детално површините и заедно со ЈП Коминалец од Битола поставивме нови реквизити за забава на најмладите. Задоволството е големо и е вистинско место за уживање-изјави Горан Поповски, претседател на месната заедница во селото Кравари.