2win800x200

Игуменот Партениј избран за Владика

Мај 21, 2020

 

Архимандитот Партениј стана викарен епископ на Дебарско-кичевската Епaрхија. Ќе ја носи титулата Антаниски, а епископско седиште ќе му биде во Бигорскиот манастир.
Ова е една од двете одлуки на Синодот на МПЦ, донесени на денешната седница. За нејзе гласале сите владици.
Втората е малку изненадувачка и конспиративна. Кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф, поднел оставка од наводно здравствени причини и побарал за негов заменик да биде назначен игуменот Григориј, неговата десна рака. Голем дел од владиците биле против, но со мнозинство тој е избран Сарандополски епископ, кој по хиротонијата ќе биде назначен за Кумановско-осоговски митрополит.
Владиката Јосиф денеска не се појави пред медиуми за да ја образложи неговата изненадувачка одлука. Кои се вистинските причини засега останува нејасно.
Во меѓувреме Отец Партениј ќе биде хоротонисан на 12 јули на Петровден, а Григориј на 25 јули.

Отец Партениј е роден во Битола и ќе биде четиринаесетиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани