АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Увид врз градежните активности на улица „13 јули“ денес изврши градоначалничката Наташа Петровска и директорите на јавните претпријатија. Петровска изјави дека со асфалтурањето покриени се 3950 метри квадратни кал, оставена многу години наназад.
„Решен е коловозот, делот на паркингот, а претходно беше изведена канализацијата и осветлувањето. Целокупната инвестиција на овој потег изнесува 135 000 евра. Со ова се гледа дека проектите кои беа изготвени во претходниот период се веќе во изведбена фаза и во таа насока општината продолжува да се движи зашто за скоро време ќе бидат започнати нови улици, нови проекти за кои веќе се склучени договори. Канлизацијата минатата година ја изработивме, бидејќии се решаваше експропријацијата сега се прави коловозот, а од другата страна на улицата имавме нешто што не беше решено изминатиот период односно легализирани објекти кои влегуваат на сообраќајница и сите тие работи треба правно да се решат. На ниво на општина имаме низа такви ситуации еден куп легализирани објекти кои се на сообраќајници и го оспоруваат целиот процес“, рече Петровска.