АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Славно Смилево се подготвува според сите портоколи за заштита од КОВИД-19 за престојниот празник Петровден. Манастирот „Св Петар и Павле“ кое на оддалеченост од 8 километри од селото во коријата на Бигла Планина превршуваат подготовките за славата.Славата со служба во манастирот почнува утре вечер, по 17 часот, додека во недела службата започнува во 7 часот наутро.
-Со оглед на тоа дека на целата територија на државата владее придржување на мерките за заштита од корона вирусот се молат сите верници кои сакаат да го посетат овој комплекс да се придржуваат до мерките за физичка дистанца, носење заштитна маска и миење на раце, велат од црковскиот одбор на манастирот „Св Петар и Павле“.
Манастирот е изграден одамна, но свечено беше осветен по возобновувањето во 2018 година. Во моментов во дворот се изведуваат градежни работи како потпорни ѕидови и капија, чешма за што се ангажирани најдобрите мајстори од Реканскиот крај.