АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Согласно решението што го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, Сточниот пазар во Битола прекинува со работа на неодредено време поради болеста Син јазик. Според тоа, им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека привремено се затвора добиточниот пазар во Битола.Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да го почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарсво и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на болеста Син јазик во државата, информираат од ЈП „Пазари“ Битола.