2win800x200

Уште еден заболен битолчанец од КОВИД-19, вкупниот број се искачи на 89 од кои 44 се активни случаи

Јули 20, 2020

 

Уште еден новозаболен од КОВИД-19 во Битола, потврдува извештајот на Министерството за здравство со што вкупниот број на заболени од почетокот на кризата се искачи на 89  од кои 44 се активно болни. Во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти, а денеска во болницата починал и пациент од Кичево на 82 годишна возраст.   

Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 24
-Куманово 6
-Штип 24
-Прилеп 1
-Тетово 7
-Струга 9
-Битола 1
-Охрид 6
-Гостивар 4
-Струмица 3
-Крива Паланка 1
-Радовиш 5
-Кочани 2
-Свети Николе 3

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:

-Скопје 27
-Куманово 16
-Прилеп 4
-Тетово 4
-Кавадарци 1
-Гевгелија 1
-Крива Паланка 3
-Кратово 1
-Кичево 1
-Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249, бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани