2win800x200

Цената на АД ЕСМ е пониска за 55% од цената на струјата на слободниот пазар

Август 09, 2020

 

Пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата, се вели во соопштението испратено до медиумите од АД ЕСМ .

Секој потрошувач има право да се снабдува и на слободниот пазар на електрична енергија по цени кои не се предмет на одобрување од Регулаторната комисија за енергетика.

Доколку домаќинствата купуваат електрична енергија на слободниот пазар набавната цена со вклучени трошоци за балансирање и обновливи извори изнесува 3,65 ден/kWh, додека цената по која ЕСМ ги снабдува домаќинствата на регулираниот пазар изнесува 2,33 ден/kWh, односно цената на ЕСМ е пониска за 55% од цената на слободниот пазар.

Кога на набавна цена од слободниот пазар ќе се додаде мрежарината која изнесува 1,99 ден/kWh, како и трошокот за операторот на пазарот кој изнесува 0,0081 ден/kWh , крајната цена за домаќинствата на слободниот пазар за домаќинствата изнесува 5,65 ден/kWh.

Цената за домаќинствата со последната одлука од Регулаторната комисија за енергетика изнесува 4,49 ден/kWh, односно е пониска за 26% отколку цената на слободниот пазар.

Концептот кој што е имплементиран во Законот за енергетика обезбедува заштита на домаќинствата од повисоките цени на слободниот пазар.

АД ЕСМ напоменува и дека сите инвестиции, вклучувајќи ја изградбата и на обновливите извори на енергија, компанијата ги финасира од сопствени средства кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани