2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Издадена е градежна дозвола за реконструкција на патот од Црвени Петли до село Трново

Август 18, 2020

Издадена е градежна дозвола за реконструкција на дел од  патот кој води кон Националниот парк "Пелистер". Проектната документација се однесува на делницата  од клучката кај Црвени Петли до трафостаницата во селото Трново во вредност од 26 милиони денари.

 
Истот така, се изработува техничка документација за уште една мала пречистителна станица со колекторски систем  за отпадните води од Хотелот Молика.
 
"На овој начин, системски, се решаваат со години наталожените проблеми во потпелистерието.  Со подобрување на целосната слика за квалитетна животна средина за локалното население, за туристите, како и за голем број битолчани, расте и можноста овој дел од Пелистер да стане многу подобра туристичка дестинација", информираат од Општина Битола.
 
Општина Битола, во вредност од над 21.800.000 денари, во должина од над 2 километри, го изработи колекторскиот систем, преку кој ќе се собираат отпадните води од домаќинствата и туристичките објекти од селото Трново. Овој колекторски систем, понатаму, во различни краци, ќе се шири и кон оснанатите делови од селото Трново и Магарево. За овој дел, пречистителната станица е веќе направена, со средства од ЕУ, преку УНДП, во висина од над 9.000.000 денари. 
 
„Ова е исклучително значаен проект, бидејќи години наназад Пелистер е привлечен како туристичка атракција, но сите кои што доаѓаат сакаат да имаат и соодветна инфраструктура како дополнителна компонента во квалитетот на развојот на туризмот. Водите на Пелистер кои во минатото беа чисти за пиење, преку неодговорното однесување со тек на времето веќе не можат да се користат. Водата е еден од најзначајните ресурси, сочувувањето на чистата вода и незагадувањето на почвата се многу значајни, а со овој проект тоа и се постигнува“, вели градоначалничката  Наташа Петровска.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани