Општина Битола преку соопштение до медиумите ги информира граѓаните за средствата, со кои беа поддржани досегашните културни настани во текот на оваа година. Во изминатите осум месеци потрошила 3 769 000 денари за поддршка за културата во градот. Ете, подетално за кои настани:
- Концерт на Галија и Нокаут – 250 000 денари
- Три концерти на Авалон Продукција ( А.Медуњанин, Д. Рундек, Ж. Бебек) – 600 000 денари
- Концерт на камерен оркестар – 150 000 денари
- Локум фест – 120 000 денари
- Илинденски денови – 200 000 денари
- Џез фестивал – 100 000 денари
- Концерт на Петар Грашо – 500 000 денари
- Битола отворен град – 600 000 денари
- Фестивал на музика и вино – 300 000 денари
- Тра-ла-ла со камерен оркестар – 150 000 денари
- Незаборав (електронска верзија) – 156 000 денари
- Одбележување на денот на младите – 120 000 денари
- 300 работи, Триста – 28 000 денари
- ИФФК Браќа Манаки – 220 000 денари
- Мал битолски Монмартр – 150 000 денари
- Одбележување на 60 години Македонски Научно Друштво Битола – 375 000 денари