АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во работните простории на Здружението на пензионери од Битола, се одржа работна средба на градоначалничката Наташа Петровска и претставници на Здружението на пензионери од Битола.
Претседателот на Здружението на пензионери Томе Димитровски, посочи дел од проблемите со кои се соочуваат пензионерите, при тоа изложувајќи дел од барањата во кои можат да добијат поддршка од Општина Битола. Тој во име на пензионерите ја истакна заложбата за поголем број на пензионерски клубови, кои би се отвориле во одредени урбани заедници. Исто така, беа посочени и одредени натамошни активности во насока на подобрување на социјалниот живот на пензионерите, како и акциите во кои што учествува Здружението на пензионери со своја помош, истакнувајќи ја и компонентата на општествената одговорност.
Од своја страна, градоначалничката Петровска посочи дека Општина Битола постојано ги поддржува активностите на Здружението на пензионери, особено нивните општествено одговорни акции и помош до категориите на граѓани и институции, на кои што таа секогаш им е добредојдена. На средбата беа договорени конкретни натамошни чекори за реализација на заеднички проекти.
Средбата се одвиваше според сите потребни здравстени протоколи и соодветно растојание.