АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во село Новаци се подготвува за одбележување на големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица. Општина Новаци упати апел до верниците кои ќе го посетат манастирот дека годинава имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот, манастирската слава ќе се одржи според пропишаните мерки и протоколи за заштита од ковид-19.
„Грижејќи се за духовното, но и за телесното здравје на своите верници, општина Новаци и манастирската управа ќе ги превземат и спроведат сите мерки согласно законските правила и услови за заштита од вирусот.Од таму упатуваат и апел до сите верници задолжително да се придружуваат на мерките и протоколите за превенција од ширење на коронавирусот. Поради пандемијата оваа година ќе изостанат досегашните официјални приеми, приредување на манастирски ручек и културно-уметничка програма. Со носење на заштитна маска и држење на физичка дистанца верниците ќе можат да го посетат бисерот на Пелагонија, да и оддадат почит на Пресвета Богородица како и да присуствуваат на вечерната богослужба со која ќе чиноначалствува митрополитот Петар на 20.09.2020 (недела ) со почеток во 19ч. Утрената Божествена литургија ќе биде на 21.09.2020(понеделник) со почеток во 8 часот“, соопштија од Општина Новаци.