2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

2800 битолчани казнети за неносење на заштитна маска

Септември 22, 2020

 

Од СВР Битола информираат  дека од мај досега 2801 битолчанец биле казнети за неносење на заштитна маска, за споредба во Прилеп таа бројка изнесува 1425, во Ресен 308, во Демир Хисар 47. Од полицијата потврдуваат дека зголемена е активноста на терен  со поднесување на поднесоци, што се должи на ажурност на полициските службеници, и тука Битола предничи во споредба со останатите сектори во државата.

-Само во текот на вчерашниот ден во Битола на повеќе фреквентни улици се казнети 83 граѓани за неносење на заштитна маска, во Прилеп се казнети 76 лица, во Ресен 4 лица, во Демир Хисар двајца. Граѓаните на Битола се предупредуваат и советуваат дека за неносење на заштитна маска им следува казна, и тука нема да има прогледување низ прсти. Затоа се препорачува максимално почитување на мерките и препораките од здравствените власти, вели портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.

Од почетокот на кризата до денес во Битола се потврдени 274  позитивни случаи, од кои во моментов болеста е активна кај 63 битолчани.

Само во последните 14 дена од 8 до 21 септември вирусот е потврден кај 46 битолчани, во исто време оздравени се 21 пациент, а еден пациент починал на 79 годинашна возраст.

-Во моментов контролираме вкупно 120 лица во Битола, што се позитивни на вирусот, а се лекуваат во домашни услови и лица што се во изолација поради контакт со позитивно лице на корона вирусот, потврдуваат од СВР Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани