2win800x200

„Започни нешто свое“, стани претпримач со Битола Старт ап центар

Септември 23, 2020

 

Со поддршка од 1,5 милион денари Битола Старт ап центар им овозможува финансиска поддршка за стартување на сопствен  бизнис на граѓаните на Општина Битола, со цел раздвижување на економијата во Пелагонискиот регион. Денеска во Битола беше промовирано Локалното партнерство за вработување со цел подигање на свеста на претпримништвото едукација и охрабрување, поддршка потенцијалните претприемачи да започнат сопствен бизнис.

Локалното партнерство за вработување Битола е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

-Денес  под капата на заедничката иницијатива, Битола старт ап најавуваме уште еден отворен повик  за аплицирање со бизнис идеи во старт ап програмата “И од Битола се може(и)”  кој ќе биде отворен до 14 октомври 2020.

Ги охрабрувам сите заинтересирани битолчани кои имаат бизнис идеја да се вклучат во програмата со пополнување на on line формулар на следниот линк: https://iodbitolasemoze.typeform.com/to/Ghh9wO

Програмата на Преда плус за сите учесници ќе овозможи пристап до еминенти професионалци од македонскиот старт ап екосистем кои ќе им помогнат да ги претворат нивните идеи во бизнис решенија. Исто така, сите учесници ќе имаат можност за вмрежување со бизнис заедницата и презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори, рече Лидија Ангелова, проект координатор на Преда Плус. .

Според Ангелова новина во оваа програма е што за прв во нашиот регион, најдобрите старт ап идеи ќе добијат финансиска поддршка за стартување на своите бизниси.  Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизнис идеи изнесува околу 1,5 милион денари и ќе се реализира преку две грантови шеми на Битола Старт ап Центар.

-Старт ап секторот станува витална компонента за развој на општеството, особено во ова кризно време кога се губат работни места предизвикани од здравствената криза која го зафати светот, така што секоја поддршка ќе биде добредојдена, рече Емилија Костурски, заменик градоначалничка на Општина Битола.

Како партнери вклучени во Програмата се: Општина Битола, Младински културен центар-Битола ,Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА плус ,Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ ,Регионална Комора Битола ,Агенција за вработување Битола ,Интерворкс Едукативен Центар – Битола ,Универзитет “ Св. Климент Охридски“.

120090385 334239217684546 8238171288075052797 n

-Моментално работиме на мапирање и дефинирање на маргинализирани целни групи за полесен пристап до пазарот на трудот и анализираме потенцијални начини за нивно мотивирање да се вклучат во програмите на Битола Старт ап центарот. Целна група: млади невработени лица, млади лица кои не се во образовен процес, во обука и регистрирани во АВРСМ, жени и социјално исклучени категории на граѓани.

Битола Старт ап центарот јас лично не го гледам како проект, го чувствувам како обединување на сите потенцијали и капацитети на градот во насока на намалување на невработеноста и зголемување на капацитетите на невработените лица, рече Маја Ангеловска – Програмска менаџерка во МКЦ – Битола.

МКЦ – Битола ги става своите ресурси и капацитети, вклучително и Саемот за кариера – настан кој е препознатлив кај јавноста како алатка за намалување на младинската невработеност, во служба на Битола Старт ап центарот.

Годинава Саемот за кариера ќе се реализира по петти пат, во ноември, согласно постоечките протоколи за заштита од КОВИД 19, во нова форма, но со истата функција и многу побогата програма.

Целта на Саемот за кариера е поврзување на бизнис заедницата (промоција на отворени работни позиции) со млади невработени лица. Другиот аспект на овој настан е мотивирање на младите да останат во РСМ, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој.

120134616 371917850879305 2572354180689311720 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани