2win800x200

На настанот со полициска бруталност, најверојатно му претходела сообраќајка за која Апла пишуваше уште во неделата

Септември 24, 2020

На настанот во кој полициски службеник брутално претепува лице на улица во Битола, најверојатно му претходела сообраќајна несреќа за која Апла.мк извести уште во неделата. Дури денес на социјалните мрежи се појави снимнен видео материјал на кој се гледа како службеник тепа лице на улицата „Рузвелтова“ под Поштата во Битола. На снимката пишува „Полициска бруталност врз Ромите“. Околу лицето што го тепаат има уште две други лица, кои најверојатно биле заедно со него, како и двајца други полицајци.

Од полиција не откриваат каде бил настанот, но според невладините организации се случил во Битола. Исто така, Апла.мк уште во неделата објави информации и фотографии дека претходната вечер возило удрило во електричниот столб на тротоарот во близина на Гроздот  веднаш до трафиките кај Поштата. Возилото од фотографијата е истото она кое се гледа на снимката, а токму до него се случил бруталниот напад.

Одделот за вантрешна контрола при МВР го испитува случајот во врска со видео материјалот што денска беше објавен на социјалните мрежи, а за кого напишаа дека се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници,

„Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана“, соопштија од МВР.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани