2win800x200

Од 16 до 76 години се денешните новозаболени од вирусот

Октомври 09, 2020

 

Денес на регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола потврдени се 17 нови случаи на COVID-19:
-12 лица во Битола (на возраст од 16 до 76 години), од кои седум лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а останантите пет меѓусебно не се поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице,
 
-4 лица во Кичево (на возраст од 48 до 70 години) кои меѓусебно не се поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице,
- 1 лице во Демир Хисар кое не дава податок за контакт со позитивно лице,
Денес во Ресен не е регистрирано лице позитивно на COVID-19.
 
Денес согласно алгоритамот регистрирани се 11 оздравени лица од кои 6 од Битола и 5 од Кичево.
 
Денес е регистрирано и едно починато лице од Битола (на инфективно одделение при Клиничка Болиница Битола) на возраст од 44 години.
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани