2win800x200

Возобновен Меморијалниот споменик од НОБ во Бистрица

Октомври 11, 2020

Делегација предводена од градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, ОО на Сојузот на борци Битола и од СДСМ-Битола, положија свежо цвеже на возобновениот Меморијален споменик од НОБ во селото Бистрица.

На барање на локалното население и на Сојузот на борци, Општина Битола изврши санација на меморијалниот споменик што опфаќаше санација на постоечкиот споменик и целосно уредување на просторот околу него, со поставување на бехатон плочки на патеките, чистење на одводните канали, поставување на канделабри, клупи и хортикултурно уредување на целиот простор. За санација на споменикот и паркот, Општина Битола инвестираше 1.801.696 денари.

„Почитта кон оние коги што го дадоа најсветото, сопствените животи, не се искажува само со еден ден, еден подарок, со поставување цвеќе пред спомен обележјата. Оваа локална самоуправа покажа дека почитта треба да се негува постојано, а тоа е најдобар пример со возобнувањето на овој споменик и на тој начин дава придонес кон зачувувањето на споменот на оние од минатото, кои што се најзаслужни за нашата слобода. Не само што го возобновивме споменикот, извршивме реконструкција, туку и целосно се изврши хортикултурно уредување на овој дел околу споменикот во Бистрица, каде што многу често сега навраќаат и битолчани. Навраќа и месното население, се дружат и на тој начин го сочувуваат споменот за се што се случувало во минатото. Само така, како народ, можеме да покажеме дека врдностите кои што се негуваат од историјата, можеме да ги сочуваме, а со тоа и да се сочуваме себе си“, порача градоначалничката Петровска.

Свечениот чин беше збогатен и со настапот на младиот Огнен Радуловиќ, кој ги воодушеви присутните со изведба на македонска композиција на гајда.

Споменикот на НОБ во Бистрица го симболизира Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Битола и Битолско и има големо значење за регионот, историјата и антифашистичката борба.НОБ11

НОБ12

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани