2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Почина поетот Панде Манојлов

Ноември 07, 2020

На 72 годишна возраст почина поетот и писател, хроничар на Битола и новинар во пензија Панде Манојлов. Долги години работеше како новинар во ,,Битолски весник", а зад себе остави плодно творештво од текстови и песни, како и новинарски текстови.

Панде Манојлов е автор на десетици книги поезија и проза  беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици. Посебно беше познат по песните за Палестина, инспириран од крвавите случувања таму минатиот век .

Добитник беше на бројни награди за неговото творештво. Повеќето од нив беа посветени на Битола. Твореше до последните денови од неговиот живот. 

Творбите редовно ги објавуваше на социјалните мрежи. На 4 октомври на фејсбук ја објави песната ,,Болеста" 

Б О Л Е С Т А

Никогаш незнаеш

од каде и кога

доаѓа таа:

дали од воздухот

што го дишеш,

дали од студот

што ти навлегол

длабоко в коски,

или од луѓе

што незнаеш ни кои се...

И почнува

болеста да те мори,

некој оган невидлив

длабоко гори,

некој студ и треска,

кашлица,

во градите болка,

коски што вртат...

Над се' надеж,

"Ќе мине!" речи

и моли се на Бога.

Болеста е опомена

дека си само човек:

со дијагноза- обичен човек...

4.10.20. Панде Манојлов

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани