2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВМРО-ДПМНЕ НА ПРОТЕСТ ВО БИТОЛА ЗА ОСТАВКА НА ЗАЕВ И ВО ОДБРАНА НА ПАРТИЗАНИТЕ

Ноември 27, 2020

„Оставка на Заев, слобода на народот“, вака е насловен вечерашниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ низ седум градови во земјава, меѓу кои и Битола. Протестот се одржа со возила вечерва низ битолските улици со почитување на  мерките за заштита од ковид-19.  Започна  во 17:45 од пред ОО СДСМ Битола и продолжи по улиците: „Кирил и Методиј“,  Бул. „1-ви Мај“ , „Васко Карангелевски“, „Партизанска“ и „Климент Охридски“ . Од таму граѓаните се упатија пред споменикот на Стив Наумов. На еден од транспарентите пишуваше „Додека СДСМ не умре, Македонија нема да живее“. 

Иванчо Тошевски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на својот фб профил напиша  дека треба граѓаните да се обединат против , како што пишува, „ова досега незапамтено зло што и се случува на Македонија и дека сите имаат обврска пред:
СТИВ НАУМОВ
ЕЛПИДА КАРАМАНДИ
ДИМИТАР НИКОЛОВСКИ(ТАКИ ДАСКАЛО)
ТОДОР АНГЕЛОВСКИ(ТОШО ДАСКАЛО)
ПЕЦО БОЖИНОВСКИ
БЛАЖЕ ДИМИТРОВСКИ РОГОЗИНАРО
ЃОРЃИ НАУМОВ
КОЧО ДЕСАНО
ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА - МАРА, луѓето кои своите животи несебично ги подарија за денешнава слобода во борбата со фашистите“.


„Да се обединиме надпатриски, без разлика на вера и било кое друго убедување. Оваа битка можеме да ја добиеме само заедно сите! Ги повикуваме и претставниците и борците од НОАВМ, ги повикуваме и Наташа Петровска, Бисера Костадиновска, Златко Ќурчиевски и сите членови и приврзаници на СДСМ, да се одважат во последниот момент и да покажат дека ја сакаат Битола, да покажат дека не било лицемерие нивното колнење и аманетот во борците на антифашистичката војна и народно-ослободителната револуција. Тоа, мора да го направат сега, во космополитска Битола, само од проста причина што нивните деца ќе живеат овде, меѓу нас, во Битола. Тоа, им го должат најпрво ним. Прогресивната и обединета Битола и денес нека покаже, дека еден Заев не може да го разурнува и уништува, не може да го угасне вековниот слободарски дух на битолчани“, напиша Тошевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани