2win800x200

Од компликации од вирусот почина Музафер Мурати директорот на ЈКП „Пролетер“ Ресен 

Декември 03, 2020

 

Од компликации предизвикани од Ковид-19 почина Музафер Мурати директорот на ЈКП „Пролетер" Ресен. Мурати десеттина дена се лекувал од вирусот , но последните дена нагло му се влошила состојбата по што бил хоспитализиран во приватна болница во Скопје.
 
-Општина Ресен денеска со неизмерно чувство на тага ја прими веста за ненадејната и прерана смрт на директорот на ЈКП ,,Пролетер" и долгогодишен соработник и пријател, Музафер Мурати.
Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и сите вработени искрено сочувствуваат со семејството. Загубивме колега, пријател и голем професионалец.
Нека почива во мир, стои во  пораката со сочувство  објавена од Општина Ресен .
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани