In memoriam-„Живеев за театарот“, последното интервју на Благој Стефановски- Баге за Апла.мк

Декември 03, 2020

 

Ви го пренесуваме последниот разговор на Апла.мк со Благоја Стефановски-Баге, направен минатата година како добитник на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело на  Општина Битола.

 

„Секоја награда е важна, задоволен сум од постигнатото во животот, а наградата од мојот град Битола само потврдува дека има луѓе кои знаат да ги валоризираат трудот“, вели Благој Стефановски- Баге годинешен добитник на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело што Општина Битола ја доделува по повод Денот на ослободувањето на градот.

Стефановски 24 години беше директор на Народниот театар во Битола, а токму за време на неговото директорување театарската куќа ги имаше своите златни години со успешни претстави, многу публика, награди, гостувања и други успеси. Токму колегите од Битолскиот народен театар го предложија Стефановски за оваа награда.

„Не знам колку имам уште пред себе, но зад себе имам многу години посветени на културата во земјава и нејзина валоризација надвор од државните граници. Неблагодарно е да кажам кој е мојот најголем успех, бидејќи многу работи покренав откако станав министер и претходно, а и после тоа. Бев претседател на многу асоцијации театарски. Сето тоа бараше многу енергија и никогаш не се штедев. И ден и ноќ работев за театарот, како дом ми беше. Живеев за театарот“, вели Стефановски за Апла.мк

Стефановски по професија е актер, дипломира на на отсекот за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Потоа се вработи во Народниот театар во Битола, каде на директорското место се задра подолго време. Беше претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршуваше функцијата министер за култура. За време на неговото министерување беа покренати поректите поврзани со заштитата на амбиенталната улица Широк Сокак во Битола.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани