АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 1 март ќе профункционира платниот промет на „Македонска пошта“, откако до крајот на годинава ќе се потпише договорот со Халкбанк, соопшти денеска директорот на „Македонска пошта“, Јани Макрадули.
Очекувам од 1 март граѓаните да можат да плаќаат, по најниска провизија, на 330-те точки кои ги одржуваме. Верувам дека со дополнителни активности ќе го скратиме времето од потпишување на договорот со банката и дека до крајот на годината ќе го потпишеме“, рече Макрадули.
Во однос на изборот на Халкбанк за платниот промет на „Македонска пошта“, по пропаѓањето на Еуростандард, бил истиот софтвер од истата компанија што го има банката, со што процесот е технички подготвен.
Говорејќи за состојбата во ова акционерско друштво во државна сопственост, Макрадули рече дека има големи долгови од околу 10 милиони евра, за кои вината ја припиша на извршната власт, а не на менаџерските тимови.