АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од компликации од Ковид-19 денеска почина Елизабета Јанкова (57), дипломиран технолог, здравствен работник од Центарот за јавно здравје Битола. Јанкова повеќе од три и пол децении беше дел од битолското здравство и сега во екот на пандемијата несебично се вложуваше во извршувањето на работните задачи.
-Не напушти по кратко боледување од корона вирусот. Нејзината позитивна енергија и гласна насмевка ќе недостига и на колегите, пријателите и семејството. Битолчани ќе ја паметат како насмеана, пожртвувана и ултрамодерна баба, напиша нејзината ќерка Андријана.
Јанкова е втора жртва на Ковид-19 во битолското здравство, пред една недела почина и медицинска сестра од одделението за Хирургија.