Државна помош ќе добијат повеќе субјекти погодени од коронакризата. За овој најнов КОВИД пакет прдвидени се 8 милиони евра, а се опфатени:
• Естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари);
• 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение;
• Приватните установи за деца - детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата;
• Финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари;
• Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари);
• Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари;
• Финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари;
• Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации;
• Финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110.000.000 денари, и за ЈП Државни патишта пат во висина од 180.000.000 денари;
• Финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии;
• Финансиска поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на 2 плати на 598 вработени во АД Водостопанство;
• Скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура;
Со внесување на матичниот број на следниот линк можете да проверите дали сте корисник на некоја од мерките