АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН 25 ДЕКЕМВРИ 1923
Во Битола е родена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Основно и средно образование заврши во родниот град. Во 1938 г. замина во Белград преку Еврејското хуманитарно друштво "Визо". Од тој период стана член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ.
Во мај 1941 г. се врати во Битола. Во 1942 г. стана член на КПЈ. Во април 1943 г. е во првиот борбен строј на Битолско-преспанскиот партизански одред "Даме Груев", а набрзо потоа и борец во одредот "Гоце Делчев". Кога била формирана Политички комесар на чета во Третата македонска народноослободителна ударна бригада, а од август 1944 г. политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада.
Загина во борба со бугарските окупаторски војници од пограничната караула на Кајмакчалан на 26 август 1944 г.
За народен херој прогласена на 11 октомври 1953 г.