2win800x200

Предвремени кадровски смени-Наумче Смилевски е новиот претседател на Општинската организација на СДСМ Новаци

Јануари 12, 2021

 

Наумче Смилевски е новиот претседател на Општинската организација на СДСМ Новаци. Тој доаѓа на местото на Иван Стојовски кој е сменет предвреме ,  по само две години раководење со општинската во Новаци. Смилевски е актуелен претседател на Совет на општина Новаци .
-Изборот на Смилевски за оваа партиска функција е одлука на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и раководството на партијата, по претходно воведениот мониторинг систем врз работата на Општинската организација и мерит систем како нов метод на оценување на работата на општинската организација, велат од ОО на СДСМ Новаци.
 
Новоизбраниот претседател Наумче Смилевски е долгогодишен член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а од 2013 година е на чело на Социјалдемократската младина на ОО СДСМ Новаци .Од партиските функции исто така е долгогодишен член на највисоките партиски тела и шеф на Општински штаб на млади.
 
 
Новоизбраниот претседател се очекува да ги формира органите и работните тела на партијата и да формира свој тим.
-Општинската организација на СДСМ во Општина Новаци  успеа да го струши бастионот на ВМРО-ДПМНЕ после 16 година локална власт, пишуваат во партиското соопштение .
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани