2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолските советници шести според висината на месечниот паушал

Јануари 13, 2021

Советниците на општина Битола се на шесто место во земјава по висината на просечниот месечен паушалот што го земале во 2019 година, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Според објавените табели, на прво место е градот Скопје со месечен надомест за советниците во 2019 година кој изнесува 24.276 денари. На второ место е Кичево со 19 610 денари месечен паушал. На трето Куманово со 17 649 денари, па Чаир со 17 184 денари и Врапчиште. Шестото место го дели Општина Битола со 11 други поголеми општини, како што се Велес, Прилеп, Струмица, Охрид, но и скопските Аеродром, КиселаВода, Карпош и други. Таму месечно на советниците им се исплаќал паушал од 16 993 денари.

Новаци е меѓу седумте општини кои имаат најмали месечни паушали за советниците, односно 9171 денар. Сепак, најнизок паушал имале советниците на Општина Вевчани во износ од 4.855 денари. Податоците се обезбедени преку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. 

ОПШТИНИ

Висина на паушалот на советниците

Висина на паушалот на претседателот на Советот

Град Скопје

24.276

31.559

Кичево

19.610

25.493

Куманово

17.649

22.944

Чаир

17.184

22.339

Аеродром

16.993

22.090

Битола

16.993

22.091

Велес

16.993

22.091

Гази Баба

16.993

22.091

Гостивар

16.993

22.091

Карпош

16.993

22.091

Кисела Вода

16.993

18.091

Охрид

16.993

22.091

Прилеп

16.993

22.091

Струга

16.993

22.091

Струмица

16.993

22.091

Тетово

16.993

22.092

Врапчиште

17.040

22.152

Сарај

14.567

18.937

Кавадарци

14.566

18.935

Кочани

14.566

18.935

Радовиш

14.566

18,936

Центар

14.566

18.936

Штип

14.566

18.936

Бутел

14.566

18.934

Ѓорче Петров[2]

14.566

18.934

Боговиње

14.565

18.934

Желино

14.325

18.622

Пробиштип

14.292

16,723

Теарце

12.607

16.393

Дебар

12.286

15.972

Берово

12.138

15.779

Босилово

12.138

15.779

Брвеница

12.138

15.779

Валандово

12.138

15.779

Виница

12.138

15.779

Гевгелија

12.138

15.779

Долнени

12.138

15.779

Илинден

12.138

15.780

Крива Паланка

12.138

15.779

Неготино

12.138

14.657

Свети Николе

12.138

15.775

Шуто Оризари

12.138

15.779

Ресен

12.136

15.777

Кратово

12.138

15.779

Делчево

11.464

14.903

Јегуновце

11.464

14.903

Могила

10.789

14.025

Карбинци

10.789

14.026

Богданци

10.085

13.111

Демир Хисар

10.085

13.111

Дојран

10.085

13.111

Македонска Каменица

10.085

13.110

Македонски Брод

10.085

13111

Липково

10.000

13.000

Кривогаштани

9.806

12.748

Зелениково

9.711

12.625

Демир Капија

9.710

12.624

Маврово и Ростуше

9.710

12.623

Петровец

9.710

12.624

Пехчево

9.710

12.624

Пласница

9.710

12.623

Ранковце

9.710

12.622

Росоман

9.710

12.623

Лозово

9.710

12.623

Крушево

9.710

12.623

Сопиште

9.710

12.623

Старо Нагоричане

9.710

12.656

Градско

9.710

12.623

Центар Жупа

9.710

12.623

Чучер Сандево

9.710

12.623

Чашка

9.710

12.623

Дебрца

9.706

12.619

Студеничани

9.500

12.350

Василево

9.400

12.200

Новаци

9.171

11.922

Чешиново-Облешево

9.171

10.088

Арачиново

9.000

11.700

Ново Село

9.000

11.700

Конче

8.936

11.617

Зрновци

7.644

8.736

Вевчани

4.855

6.312

Според Центраот за гражански комуникации, во 12 општини исплатувани се паушали кои се пониски од законски дозволениот максимум. Значително пониски паушали од дозволените се исплатувани во општините Вевчани, Липково, Василево, Студеничани и Зрновци. Кај следниве седум општини, паушалите се само за помалку од 10 % пониски од максималните: Делчево, Јегуновце, Новаци, Чешиново-Облешево, Арачиново, Ново Село и Конче. 

Општина

Отстапување од законскиот максимум

Вевчани

-50 %

Липково

-31 %

Василево

-23 %

Студеничани

-21 %

Зрновци

-21 %

Спротивно, паушали повисоки од законскиот максимум има кај 15 општини. Од нив, кај 10 општини станува збор за мали разлики од 1 % до 4 % и можат да се објаснат дека се од техничка природа, но кај пет општини станува збор за износи на паушалите кои се поголеми од максимално дозволените за 11 % до 18 %. Станува збор за општините Пробиштип, Врапчиште, Кичево, Могила и Карбинци. 

Општина

Отстапување од законскиот максимум

Пробиштип

+18 %

Врапчиште

+17 %

Кичево

+15 %

Могила

+11 %

Карбинци

+11 %

Инаку, за да се исплати месечниот паушал на советниците, мора во месецот да биде одржана барем една седница на советот. А токму овде има и голема разноликост во однос на бројот на одржани седници на советите на општините. На врвот е Градот Скопје со одржани 27 седници годишно, а на дното се Сарај, Студеничани и Пласница со по 9 седници и Центар Жупа со само 6 седници, пишува во известувањето од Центраот за граѓански комуникации

ОПШТИНИ

Број на одржани седници на Советот на општината во 2019 година

Град Скопје

27

Битола

23

Свети Николе

23

Велес

22

Лозово

22

Струга

20

Кавадарци

20

Центар

20

Ресен

20

Могила

20

Демир Хисар

20

Кривогаштани

20

Новаци

20

Желино

19

Крушево

19

Конче

19

Прилеп

18

Неготино

18

Василево

18

Зрновци

18

Куманово

17

Кратово

17

Зелениково

17

Чаир

16

Гази Баба

16

Карпош

16

Гевгелија

16

Чашка

16

Аеродром

15

Охрид

15

Валандово

15

Јегуновце

15

Богданци

15

Дојран

15

Маврово и Ростуше

15

Петровец

15

Чешиново-Облешево

15

Кисела Вода

14

Боговиње

14

Кочани

14

Радовиш

14

Бутел

14

Брвеница

14

Долнени

14

Крива Паланка

14

Делчево

14

Старо Нагоричане

14

Сопиште

14

Кичево

13

Гостивар

13

Струмица

13

Тетово

13

Штип

13

Берово

13

Босилово

13

Илинден

13

Шуто Оризари

13

Карбинци

13

Македонска Каменица

13

Росоман

13

Дебрца

13

Пробиштип

12

Виница

12

Македонски Брод

12

Демир Капија

12

Ранковце

12

Арачиново

12

Ново Село

12

Чучер Сандево

12

Липково

11

Теарце

11

Дебар

11

Пехчево

11

Градско

11

Врапчиште

10

Вевчани

10

Сарај

9

Студеничани

9

Пласница

9

Центар Жупа

6

Ѓорче Петров

/

Сведено според учинок, односно кога исплатените вкупни пари по советник ќе се стават во однос на одржаните седници, произлегува дека најплатени се советниците од Кичево, кои добиваат 18.102 денари по седница, а најмалку платени советниците во Вевчани по 4855 денари. Советниците во Град Скопје кои земаат месечно највисоки паушали, всушност добиваат по 10.789 денари по седница.

Податоците од ова истражување, како и од сите претходни, Центарот за граѓански комуникации ги става на располагање во отворен формат за да послужат како основа за натамошно користење и истражување од страна на новинарите, граѓанските организации, граѓаните, науката и сите други заинтересирани страни. Во крајна линија, целта е сите заедно да придонесеме за подобрување на квалитетот и условите за живот во земјава.

Извор: Центар за граѓански комуникации

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани