АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рестораните и угостителските објекти од 21 јануари ќе работат до 21 часот, по што ќе бидат затворени за посетители. Нема да работат и оние делови за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици. Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време до 18 часот.
Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на аеродромите во Скопје и Охрид, како и рестораните во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите кои ќе работата само за гостите сместени во овие објекти.
Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца.